Митревски потпиша за Бенфика и веднаш сака титула

0
203

Битолчанецот, Никола Митревски го напушти Металург и кариерата ќе ја продолжи во португалскиот шампионат, во дресот на Бенфика. Трансферот на 29 годишниот Митревски е потврден и на официјалната интернет страница на седумкратниот шампион на Португалија и четирикратниот освојувач на националниот Куп. „Знам дека доаѓам во еден од најдобрите и најголеми португалски клубови, кој има голема историја. Клубот сака да направи одреден напредок, сакаат титула, а јас доаѓам за да помогнам да се оствари целта” рекол Митревски за интернет страницата на Бенфика. Инаку Бенфика последниот трофеј го има освоено во 2013 година во Суперкупот, додека последната шампионска титула е освоена во сезоната 2007/2008.