Митрополитот на Црногорската православна црква удрил постара жена

0
219

Митрополитот на Црногорската православна црква Михаило Дедеиќ денес удрил постара жена два пати во лицето, најпрвин кога старицата му застанала на пат, а потоа и минувајќи покрај неа, јавува црногорскиот портал Вијести.

Инцидентот се случил непосредно пред јавната расправа за нацрт-законот за верските слободи која денес треба да се одржи во Котор.

Како што јавил новинарот на Вијести, граѓаните на попот му довикувале „Замини си Сатано!“. тој си заминал кога дел од собраните граѓани му ја затвориле капијата на влезот во которската палата Бизанти.