Митровска и Коруновска во чест на Гершвин

0
192

Како дел од манифестацијата “Нов културен бран” подржана од Министерството на култура на Р.М. , со неколку концерти ќе настапат Маја Митровска и Марина Коруновска во пијано придружба на Александра Јанковска.
Концертите се насловени “Џорџ Гершвин како инспирација”, а на истите ќе се изведуваат дела на Џорџ Гершвин, композиторот кој го споил популарниот и класичниот жанр, за да ја создаде својата совршена музика.
Оваа 2017 година се навршуваат 80 години од смртта на композиторот, токму во негова чест ќе се присетиме на неговите највпечатливи вокални дела.
Музиката на композиторот Џорџ Гершвин е светски позната, прифатена и многу често изведувана. Како композитор кој твори во почетокот на XX век, тој ја спојува популарна и класична музика, кое го прави коплетно препознатлив и атрактивен со своите дела.
Оперските гласови на Маја Митровска и Марина Коруновска, претставуваат огромно уживање за сите човечки сетила. И двете често настапуваат самостојно но доживување за публиката е кога настапуваат како дует. Заедно имаат одржано два концерти како дел од Битолското културно лето, Битфест, концерти кои не ја оставија рамнодушна публиката со изведбите на престижни оперски дуети, како и арии од големите оперски заглавија, но и концерти кои пленат со својата емоционалност, шетајќи низ епохите на музиката. И двете, како и пијанистката Александра Јанковска се дел од наставниот кадар на Државно музичко училиште Битола, каде секојдневно музицираат и работат на своја доизградба како уметници, а нивното познавање и љубов кон музиката им ја пренесуваат на своите ученици како идни музичари, културни дејци, амбасадори на својата земја низ целиот Свет.
Првиот концерт е на 10 ти октомври во Дом на култура “Илинден” – Демир Хисар, вториот на 20 ти во Дом на култура “Наум Наумоски – Борче” – Крушево и третиот на втори ноември во  Дом на култура “Драги Тозија” – Ресен.

 

Без коментари