Мицевски костимограф на претстава во Словенечки театар

0
241

Уште една успешна соработка е воспоставена помеѓу Битолскиот театар и странските театри и режисери.

Имено уметничкиот директор Благој Мицевски се потпишува како костимограф на најновата претстава на Диего де Бреа, чија што премиера беше во месец октомври во Марибор.
Главните улоги во оваа претстава ги играат Марко Мандиќ, Кристијан Останек, Клемен Слаконја, Звоне Хрибар, Ника Розман, Матеја Пучко, Силва Чушин, Вања Плут, Иво Бан, Борис Михаљ, Матеж Бибер, сценографијата е исто така на режисерот Диего де Бреа, драмтатург е Мојца Крајнц.

Соработката со овој словенечки режисер и Битолскиот театар трае повеќе години.
Токму со претставата Отело на Диего де Бреа, Битолскиот театар гостуваше во Израел , претстава, која веќе втора година е на репертоарот на театарот и во Израел ја имаше својата 30 изведба.
Покрај тоа во Битолскиот театар Диего ја постави и претставата Злосторство и казна годинава и токму заради специфичниот театарски јазик кој ѓи надминува јазичните бариери , предизвикува огромно внимание и најверојатно ќе го претставува овој театар на сцените ширум светот.
Имено Битолскиот театар последните години со поканите што ги добива од значајни театарски фестивали и светски културни центри е најдобар пример за претставник на македонската култура и уметност во светот.