Мицевски на релација Битола-Пекинг- Љубљана

0
362

После годинешното успешно издание на Шекспир фестивалот , гостувањето на фестивалот Охридско лето со две изведби и една премиера, уметничкиот директор на битолскиот театар Благој Мицевски, беше во Пекинг каде се одржа премиерата на балетот Сон односно R.E.M. – A Dream Sequence, во која Мицевски беше одговорен за костимографијата.

Овој балет во кој режисер и кореограф е Рисима Рисимкин, се прикажа во Чаојанг центарот, на големата сцена на Театарот Девет, како дел од завршната церемонија на Интернационалниот фестивал за современ танц.

Уште еден интересен податок е музиката, која за овој балет ја подготви „Љубојна“, кои после спектакуларниот концерт во Битола за одбележување на 15 годишното постоење на музичка сцена, исто така отпатуваа за Пекинг.

Мицевски во меѓувреме работи и на проект со режисерот Диего де Бреа во Љубљана, а за Тера телевизија ги истакна и новите проекти и гостувања на Битолскиот театар.