МКД.мк Мигрантите од Иран одбиваат да се вратат назад, еден од нив пробал да се обеси

0
309

Повеќе од 700 економски мигранти се заглавени од грчката страна на македонско-грчката граница  и бараат да ја поминат границата за да го продолжат патот кон некоја од земјите членки на ЕУ. Еден од нив од полицајците беше спречен да се обеси, очаен дека не може да го продолжи патот кон подобар живот.

Ние не се враќаме назад, порачуваат миграните од Иран, Пакистан и Бангладеш.

Тие одбиваат помош, не примаат храна и вода и одбиваат да се вратат во Грција и бараат да се пропуштат за да го продолжат патот кон ЕУ. Тие и оваа ноќ ќе ја поминат во импровизираниот камп од грчка страна, од каде што не запираат да доаѓаат автобусите со бегалци и мигранти.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/migrantite-od-iran-odbivaat-da-se-vratat-nazad-eden-od-niv-probal-da-se-obesi#1