МКЦ додели национални волонтерски награди

0
607

Здружението на граѓани “ЛЕГИС” Скопје,Иницијативата “Ретвитни Оброк” и Иницијативата “На точак”, денеска добија Златен волонтерски сертификат за 2015 година од МКЦ . Ови национални волонтерски награди од МКЦ ги доделуваат секоја година во пресрет на 5 декември, Меѓународниот ден на волонтирањето.

-Здружението на граѓани “ЛЕГИС” Скопје, за волонтерскиот ангажман за хуманитарна помош за бегалците и мигрантите кои транзитираат низ Македонија, како и за лобирање за промени во Законот за азил и овозможување на слободен транзит низ Македонија. Со тоа се овозможи легализирање на нивниот престој, со што од јуни 2015 Македонија има нов хуман закон,Иницијативата “Ретвитни Оброк”, за иницијативата со која се реализира твитерџиска акција која ги обединува готвачите и гладните. Главната цел е наместо слики од оброци на инстаграм и твитер  – да се споделуваат вистински оброци за оние кои имаат потреба од тоа,Иницијативата “На точак”, за активностите  во кој илјадници луѓе возеа по улиците низ Македонија со цел подигнување на вело-културата. Овој Сертификат е наменет за целата иницијатива Критична маса – На Точак, но со оглед на тоа дека во сите 6 градови има различни тимови одлучивме сите иницијативи (Битола на точак, Скопје на точак, Штип на точак, Гостивар на точак, Тетово на точак и Прилеп на точак) да добијат „Златен волонтерски сертификат” за 2015, изјави Златко

По доделувањето на сертификатите, се одржи јавна дискусија , на тема ,,Волонтирањето како прв чекор во вклучувањето на граѓаните во развој на заедницата на која што беше посочено дека за долготраен развој на волонтирањето во Македонија потребно е да се дискутира и разрешии прашањето за редефинирање на перцепцијата за тоа што е волонтирањето во суштина и како да се доближи изворниот концепт на волонтоирањето до пошироката јавност и граѓаните

Младинскиот културен центар – Битола како Волонтерски центар на Македонија овие национални волонтерски награди денеска ги додели по 10 ти пат