Млад битолчанец ги победи сите на Балканот

0
6778

Ова е дел од композицијата со која 9 годишниот Марко Крстевски од Битола освои прва награда на Меѓународниот натпревар за гудачи „Златне Степенице“, во Србија. Ни раскажа дека виолина свири од својата 6 та година , секој ден вежба околу 2 до 3 часа. Во неговото семејство никој не се занимава со музика, а прв пат на аудиција во Музичкото училиште отишол со својот дедо

-Свирам на виолина веќе три години кај професорот Зоран Маневски. На Меѓународниот натпревар го освоив првото место, и за мене претставува мотивација плус да продолжам да свирам на виолина и во иднина. Многу сум среќен. Исто така прва награда освоив по виолина во мојата категорија и на државниот натпревар кој што се одржа неодамна во Скопје. Прв пат дедо ми ме донесе на аудиција во Музичкото училиште, а професорите го забележаа мојот талент, изјави Марко Крстевски

Марко е ученик во трето одделение во Државното музичко училиште во Битола во класата на професорот Зоран Маневски .

-Меѓународниот натпревар се одржа од 27 до 29 мај, Марко настапи на 29 мај. Во неговата категорија се натпреваруваше со 15 деца , а комисија составена од еминентни професори по виолина од факултетите во Белград и Нови Сад се одлучи за Марко да ја добие првата награда. На натпреварот учесници имаше и од Босна и Црна Гора  и од Србија, а Марко беше единствениот учесник од Македонија. Ова претставува голем успех како за Марко, така и за мене а и за Државното Музичко училиште, кое што претставува расадник за млади таленти, изјави професорот по виолина Зоран Маневски

Меѓународниот натпревар за гудачи се одржа во организација на музичкото училиште „Живорад Грбиќ“ од Ваљево, Р.Србија