Млад битолчанец натепал полицајци на Широк сокак

0
2644

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Л.(28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 16.06.2016 година во Битола на ул.Широк Сокак додека двајца полициски сужбеници, констатирале прекршок од страна на пријавениот истиот прво физички го нападнал едниот удирајќи го во пределот на градниот кош, а потоа и физички го нападнал и другиот полициски службеник кој интервенирал со цел да го одбрани колегата. Со горенаведените дејствија пријавениот им нанел телесни повреди на полициските службеници, кои им биле констаторани од страна на лекар во Клиничката болница во Битола.