Млад битолчанец стана милионер

0
1455

Битолчанецот Д. Н. стана милионер. Дваесет и едногодишното момче се израдува на 18-тиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ. Добивката вредна 1.439.321 денари ја  освои во Клуб Спорт 77 Евротип во Битола на 30.10.16.

Еве како државната видолотарија на Македонија го раскажува настанот.

Најновиот милионер на ДВЛМ е од Битола. Младо и насмеано момче, кое е желно за забава. А токму таа го донесе во текот на викендот на среќната локација. Ни откри дека ова не е негова прва добивка, но е најголемата досега. Добивката ја очекувал, токму и затоа и играл на видеолотариските терминали.

Во моментот кога се случил среќниот момент, од возбуда му се завртило во главата. Трпеливо го чекал следниот ден, за да се упати во Скопје по среќниот чек на добитниот износ од 1.439.321 денари. Ни раскажа дека веќе има план како ќе ги потрошни среќно освоените пари. За почеток ќе се поднови со автомобил, а потоа ќе ги исполни  и желбите на членовите на неговото семејство, стои во информацијата на ДВЛМ.

Без коментари

LEAVE A REPLY