Млад етнокореолог со ревија на Илинденски денови

0
1364

Атрактивни домашни и странски ансамбли ќе го одбележат најновото 46-то издание на најстариот фестивал во Битола– Илинденски денови.
Секоја година фестивалот нуди по некој новитет за публиката. Имено во рамките на фестивалот на 31-ви јули во Културниот центар „Магаза“ ,
ќе биде претставена првата Ревија на народни носии. Овој настан ќе се одржи под насловот „Традицијата оживува“. Самото одржување на традицијата ги
оживува вредностите на минатото, а овој пат за тоа помага Бојан Петковски кој во ревијата ги ангажира учениците од Државниот музичко- балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје и студенти од катедрата за етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
На почетокот на настанот ќе биде претставен документарен филм -Облековната традиција на Долни Полог, а потоа следува претставување на „Добро утро Лазаре“ – Лазарска песна , Носија за девојка – дејка за празнична пригода
, „Овде јунак неженет“ – Лазарска песна , Свадбен обред при внесување на невестата во домот на момчето, Носија за невеста на денот на свадбата
, Носија за млада невеста за празнична пригода , „Огрејало месече“ – приспивна песна , Носија за жена во средно доба за секојдневна приго да
, „Болен ми лега Кара Мустафа“ – женска двогласна песна , Носија за стара жена за секојдневна пригода , „Добро утро мили брате“ – тажачка песна за
починат брат , Носија за стара жена во жалост , „Близна шупелка “– традиционални ора од етничкиот предел Долни Полог. Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ е член на CIOFF Светската асоцијација на фестивали и тоа овозможува дополнителна меѓународна афирмација на културниот настан, на градот и државата.