Младата селекција ја победи Шкотка во Единбург

0
388

Нашата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година успеа да ги освои трите бода на гостувањето во Единбург против Шкотска.

Со голот на Кире Маркоски во 17.минута од натпреварот нашата репрезентација забележа многу важна побед аво борба за место кое води на ЕП или баражот за пласман таму. Сепак еден од оние кои вечерва посебно се истакнаа во нашата селекција е голманот Игор Алексовски кој имаше фантастични одбрани , пред се во првото полувреме кога бранеше буквално се, а во вториот дел од средбата и покрај повредата остана на голот и го заврши натпреварот со повреда на ногата.

Македoнија натпреварот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Бејтулаи кој заработи фва жолти картони за само три минути и од 69 минута нашата репрезентација играше со играч помалку. Сега нашата селекција се враќа во Скопје и ќе се подготвува за средбата со Северна Ирска која се игра на 6-ти септември на „Филип Втори“ каде очекуваме да добијат голема подршка нашите млади фудбалери.