Младата женска репрезентација ја совлада Албанија

0
341

Женската репрезентација на Македонија до 19 години со 3-1 победи против Албанија на првиот од двата пријателски натпревари.

Иако гостинките го отворија резултатот со голот на Иларја уште во 3та минута, не стигнаа долго да се радуваат на водството. Во 6 минута Теодора Димоска го постигна израмнувачкиот погодок, а две минути подоцна Моника Котева биеше за водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави повторно Димоска со гол во 14 минута.

Во 37 минута од натпреварот беше досуден пенал за гостинките, за старт врз Уенди, но Панчурова со својата одбрана не дозволи резултатско приближување.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY