Младите и нивното место во општеството

0
651

Подобрување на институционалните механизми за соработка на младинските граѓански организации со владините институции, како еднакви партнери во креирањето на младинските политики и донесување одлуки во однос на младинската работа, беше целта на денешниот настан за проектот „ Обединети младински работници“.Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата IPA TAIB 2011 „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанскот општество”, а е имплементиран од Младинскиот културен центар – Битола

-Главни очекувани резултати на проектот се:

  1. Креирана нова средина за активно вклучување на младите во процесите на креирање и развој на политиките кои се однесуваат на младинската работа.
  2. Подобрени и транспарентни партиципативни практики во процесот на донесувањето на новата законска рамка за младинска работа.
  3. Зајакнати застапувачки капацитети на младинските организации во Македонија за препознавање и признавање на младинската работа во општеството.
  4. Подобрени стандарди за квалитет при испораката на услуги од страна на младинските работници, изјави Мери Нашоку МКЦ-Битола

Ситуација во Макаденија како и во другите земји , покажува дека младинската работа не е препознаена и сеуште е на ниско нивото на разбирање на нејзината улога и вредност за поединецот и за општествата. Влијанието на младинската работа во процесот на учење кај младите е потценето, особено од страна на работодавците, беше речено на трибината

МКЦ од Битола ова прокт „ Обединети младински работници“ го работи заедно со партнерските организации  Креактив – Скопје, Младинската мрежа на југоисточна Европа (SEEYN) од Босна и Херцеговина и Националната асоцијација на младински работници (НАПОР) од Србија. Проектот започна со имплементација крајот на ноември 2015 и ќе трае до мај 2017 година.