Младите и општеството – за денот на Европа

0
1229

По повод 9 Мај, Денот на Европа, традиционално се одржува студентска манифестација чија основна цел е да ги приближи студентите, да поттикне дебата за  значајни теми поврзани со универзитетскиот живот, со проблемите на младите, како и со другите општествени проблеми кои ги засегаат и младите. Оваа година по втор пат домаќин Битолскиот Универзитет

– Универзитетот Св Климент Охридски од Битола во годината кога со должно внимание е вклучен во активностите со одбележувањето на 1100 години од упокоението на нашиот патрон и учител Св.Климент, исто така со големо внимание се вклучи околу организацијата на денот на Европа 9 мај. По тој повод нашиот Универзитет е домаќин по втор пат на собирот на студенти од поголемите универзитети во Р.Македонија , манифестација која што 10 тина години се одржува на иницијатива на Европското движење на Р.Македонија, изјави проф.д-р Виолета Маневска продекан на УКЛО

– На оваа манифестација испраќаме порака до нашите студенти , односно до сите млади луѓе  да бидат послободни и похрабри, да се вклучат во општествените текови за да ги раздвижат нештата во нашата држава, изјави проф.д-р Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење на Р.Македонија

Над 120 студенти од поголемите универзитети дебатираа на тема: Чекајќи ја Европската интеграција, отселување од државата или борба за подобри можности на младите, а 23 студенти ги одмерија силите по ораторство на тема Долго време пред портата на ЕУ, каде е клучот?

– Студентите да ги изразат своите ставови во однос на нивниот статус во општеството, нивната перспектива , а ние ќе се обидеме до нив да ја доближеме Европската перспектива која штио сметаме дека е една од перспективите на кои што се значајни за овој период во однос на случувањеата во Р.Македонија, изјави проф д-р Милева Ѓуровска , претседател на Европското движење во Р.Македонија

За најдобрите тројца оратори имаше и награди и сертификати од Европското движење, Конрад Аденауер и од УКЛО. Манифестацијата се одржа на Педагошкиот факултет во Битола