Младите кажаа НЕ на дрогата

0
255

Синоќа со финалниот натпревар, заврши шестиот по ред турнир „Дрогата во аут – младите се на потег”, чија цел е поттикнување на младите на здрав живот. Организаторите задоволни од бројот на учесници оваа година, но и од бројот на квалутетни екипи. Велат, целта е постигната.

-Изминативе 20 дена, учесниците и кажаа НЕ на дрогата, го прифатија здравиот начин на исхрана, вели Бојан Димовски, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола.
Од почетокот на турнирот се одржаа повеќе од 60 натпревари.
-Имавме над 500 учесници, имаше и голема организација, вели Димовски.
Од УМС на ВМРО ДПМНЕ велат дека и во иднина ќе продолжат не само со овој, туку и со слични проекти кои го поттикнуваат здравиот начин на живот.