Младите, костимите и фустаните од минатото

0
954

Преку работилници за везење, плетење, фотографирање цртање, и глума да се допре до најмладата популација за зачувување на традиционалното творештво. Денес се одржа воведното предавање пред учениците од гимназијата Јосип Броз Тито. Проектот за традиционалните костими и запознавање на младата популација со традиционалното творештво започнал минатата година, а денеска двете институции Завод и Музеј од Битола и Гимназијата Јосип Броз Тито потпишаа меморандум за соработка

Овие активности за младите ќе бидат слободни, досега се пријавиле 60 ученици кои што се поделени во 5 групи.

Минатата година Битола ја посетиле 42563 туристи од кои што 8 илјади биле од Македонија а многу малку од нив од Битола. Со овај меморандум надлежните од Музејот се надевцаат дека младите генерации ќе го прифатат културното наследство како нивно и воедно ќе се грижат за него.


На крајот од школската година, во месец мај јавно ќе бидат прикажани сите изработки од страна на учениците кои што ќе се изработат во рамките на овај проект.