Младите на НСДП за спортот во Битола

0
2709

-Како што знаете, Битола низ историјата претставувала симбол на Балканот за спортот, вистински расадник на таленти од кој произлегле многу врвни спортисти кои играле и денес играат во најдобрите европски клубови.

Но, во последната деценија, спортот во нашиот град е разнебитен, донесен на понижувачки ниско ниво. Стадионот под Тумбе кафе е руиниран, спортската сала Младост е нефункционална и незагреана. Објектите за спорт се предмет на манипулации и експлоатации и во моментот се користат за се друго освен за нивната основна намена. Прашуваме, дали после толку набројани факти за спортот во Битола кој тони како Титаник, треба да очекуваме меѓу младите да владее елан и мотивација за спортот? Дали со толку црни дамки во спортот ќе успееме да ги заинтересираме младите за спорт или ќе ги оставиме на лошиот пат на пороците? ДОСТА Е од предизборни лаги и ветувања! Владеачката структура ги подели спортистите на наши и ваши, фаворизира одредени клубови и федерации. ДОСТА Е од поделби! Како после сите овие работи ние очекуваме да се издигне спортскиот дух што ја красеше Битола во минатото, за кои денешните млади мислат дека е само мит за Битола? Дали Вие претставниците од владеачката гарнитура воопшто имате влезено во спортските објекти или само пред избори кога давате многу лажни и мизерни ветувања? Помина цела деценија од вашето време, ништо не направивте. ДОСТА Е! Вашето време помина!, изјави Петар Костовски, НСДП

Без коментари

LEAVE A REPLY