Младите не се доволно вклучени во општествениот живот

0
343

Во 1999 година од страна на Обединетите Нации 12 август е прогласен како ден кога им се одава признание на над 2 милјарди млади луѓе ширум светот на возраст од 10-24 години. Во Македонија, почнува да се одбележува од 2000 година. Целиот свет го празнува 12 август како светски ден на младите со цел што поактивно да се вклучат во сите домени од општествениот живот и решавање на нивните проблеми како би обезбедиле подобар статус во општеството.

-Темата на годинешната прослава на Светскиот ден на млади е Младинска граѓанска ангажираност, односно ефективно вклучување на младите во донесувањето на одлуки. МЛЦ Битола од септември продолжува со активностите поврзани со младите, рече Марија Мерковска, МКЦ Битола.MARIJA

Колку се младите од Битола активно вклучени во општественото живеење?

-Има заинтересирани за вклучување во различни активности, но сепак не се доволно вклучени во таквите процеси, вели Маерковска.

Инаку со цел младите од Битола поактивно да се вклучат во општетството, на 5 март оваа година во Битола се формираше Локалниот младински совет, кој со активности ќе започне од септември.

Без коментари

LEAVE A REPLY