Младите се инертни во донесување на јавни одлуки

0
500

Како младите да бидет повеке вклучени во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво. За нивната локална вклученост, во регионален проект се зафатија младите од Србија, Албанија, Македонија и Турција. Она што е заедничко за овие земји, покрај
кандидатскиот статус за членство во ЕУ, се ниската младинска вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво, како и креирањето на јавни политики, што во мал процент ја поттикнуваат младинската инклузија во рамките на едно општетсво.
slika-za-sefe

-Работиме на полето младинска инклузија, значи младинско вклучување во сите полиња во општеството, во моментов тука во Битола имаме организациска подршка од локалниот партнер ЦЕФЕ Битола, исто така една многу интересна организација која што работи на младински прашања на полето на младите, како младите да станат поинтегрален дел од ова општество, свесни сме дека многу е застапена темата млади, но треба да бидеме свесни ако аспирираме да стигнеме до нивото на Европа треба малку повеќе да работиме, изјави Марија Матовска Младиинфо Интернационал

marija-sefe

На панел дискусијата релевантни професионалци дискутираа на тема „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“. Исто така најавија дека ЦЕФЕ Битола на средината од месец декември ќе направат сопствен настан кој што ќе се занимава со давање вештини на младите да станат претприемачи. Проектот е финансиран од ЕУ и организиран од ЦЕФЕ- Битола и Младиифо Интернационал.

Без коментари

LEAVE A REPLY