Младите со песна им го честитаа денот на старите лица

0
416

Весело беше денес во Домот за стари лица „Сју Рајдер“. Учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ се дружеа со старите лица, пееја песни, со цел да поттикнат насмевка кај нив, да се навратат на времињата додека беа млади.

-Ваквите посети ни значат, бидејќи бев учителка, ги сакам многу младите, вели Васка Радевска.

Дали во ова време младите им даваат доволно внимание на старите?

-Многу малку, но треба да се зголеми затоа што можеме многу да научиме од нив, изјави Ангела Бошевска, ученик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Целта на денешната посета беше Меѓународниот ден на старите лица.

-Кај нас вратата е отворена за секој, денес беа учениците од Гимназијата, изнудија насмевки кај старите лица, рече Марица Тодоровска, директор на Домот за стари лица „Сју Рајдер“.

Според директорката, денешниот ден во Домот за стари лица е како празник, а за вработените – мотивација плус.