Младите српски сили донесоа бронза со лесна победа над Турција

0
249

Турција – Србија 0:3 (19:25, 17:25, 18:25)

Откако пред две години на шампионатог во Германија и Швајцарија, Србија го загуби малото финале од Белгија, сега девојките на Терзиќ покажаа дека го заборавиле очекуваниот пораз од Русија синоќа и пронајдоа сили за полесно од предвиденото да ја совладаат Турција со 3:0 во сетови. Благодарение на добриот српски сервис, девојките на Зоран Терзиќ брзо се одлепија на +5 во првиот сет и таа предност преку Вељковиќ (5 поени) и Бошковиќ (6 поени) ја материјализираа со водство. Во продолженоето како да следеше иста песна. Серија на технички грешки и грешки на сервисот на избраничките на Акбаш доведоа во ниту еден момент во вториот сет „црвените“ да не можат да се доближат (17:25). Изостана реакција од репрезентацијата на Турција и Милена Рашиќ го отвори третиот сет во свој стил и на првиот технички тајм-аут ја доведе Србија во водство од 5:8. Младата Стефана Вељковиќ доби поголема минутажа и со неколку блока и директни поени беше главната фигура во тимот на Србија и во третиот сет. Таа ја врати спокојната предност, кога Турција преку Ајдемир Акјол се доближи. На крајот и третиот сет Србија го доби лесно и убедливо со 18:25.  Мечот траеше само 70 минути и со тоа гледачите во „Ахој арената“ во Ротердам само се загреваа за финалето кое ќе го играат Холандија и Русија од 17:00 часот.

Без коментари

LEAVE A REPLY