Младите тешко доаѓаат до работа

0
625

ДЗС покажува дека 85.000 невработени биле на возраст до 29 години. Познато ни е дека младите луѓе во Македонија тешко доаѓаат до работа. Затоа се одселуваат во другите земји а и како што стандартот во другите земји е поголем, така кај нас продолжува континуираниот раст на невработеноста кај младата популација.
Ова се гледа од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика и според кои на крајот на минатата година во земјава, 48,2% млади, се евидентирани како невработени.
Над 182 027 лица за работа чекаат повеќе од една година. Неработените претежно се со средно образование. Статистика објави дека заклучно со 2016 година, стапката на невработеност во земјава изнесува 23,1%. Ова е најниско ниво досега.За споредба во 2015 година бројот на невработени лица бил 248 933, а во 2016 година изнесувал 225 049 лица. Лани 730 290 лица се сметале за неактивно население, а во 2015 година721 735 лица биле неактивни.

Од Агенцијата за вработување потврдуваат дека невработеноста кај младите е многу висока но вината ја лоцираат во транзицијата кога младите бегале од занает. А дека мерките за обука , практиканство ИТ вештини или учењето на странските јазици според нив даваат резултати.

Според статистиката од 2016 година од работното место си заминале околу 381 000 лица од кои нејголем дел поради стечај, најчестата причина за прекин кај младите на возраст до 29 години бил привремениот карактер на работата.

Додека пак од денеска Млади лица до 29-годишна возраст од може да конкурираат на огласот за бесплатни обуки за претприемништво што го објави Агенцијата за вработување. Обуките ќе траат до 1 декември и со нив е предвидено да бидат опфатени 950 лица.