Младите вардарки пишуваат историја

0
431

Ракометарките на Вардар Јуниор со победа над Карпати го заокружија успешниот викден на “црвено-црното’ семејство, во кој победи во Лигата на шампионите, во изминатите два дена забележаа нивните постари колеги и колешки.

Вардар Јуниор, во првиот четвртфинален меч во Челинџ купот, славеа над Карпати со 22:19. Избраничките на тренерот Симовски, со исклучок на воведните минути кога гостинките поведоа со 0:3, имаа целосна контрола врз играта и резултатот.

Наташа Нолеска со осум голови беше најефикасна во редовите на Вардар Јуниор. Реванш натпреварот во Украина ќе се одигра на 28 февруари.