Младост во ново руво пред дербито со Металург

0
6321

 

Утре со почеток во 19 часот, во новата реновирана спортска сала ,,Младост,, ќе го одиграат второто коло од Плеј Оф Супер Ракометната Лига на Р. Македонија, со екипата на Металург – Скопје. Ова ќе биде голем настан и важен ,,дерби,, ракометен натпревар за нашиот Пелистер, почеток на ракометниот плеј оф во Битола, прв натпревар на домашен терен во реновираната спортска сала ,,Младост,, со што симболично ќе се означи и стартот на нејзиното работење во нови, современи, далеку подобрени услови.

-Тренерот Каменица и управата на РК Пелистер ме поканија на оваа прес-конеференција и јас со големо задоволство сум тука да го поздравам овој нов почеток. Бев тука пред неколку дена и недостигаа само уште неколку детали, а сега гледам дека скоро сите предвидени работи се завршени. Ние ќе продолжиме да реновираме и делот од ходниците, соблекувалните и салата ќе биде уште поубава и помодерна. Напоредно се развива и тимот и очекувам утре и ракометарите да одиграат како што од нив се очекува. Металург е моќен состав, но Пелистер не заостанува зад нив и верувам дека со помош на публиката можеме да се радуваме на победата, изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола

– Комплетно го реновиравме објектот, поставен е новиот семафор, означен е теренот за неколку спортови кои ќе се играат во објектот, а од денес е поставен и видео надзор кој ќе го снима објектот и активностите во него 24 часа. Мислам дека сега постојат максимални услови конечно нашиот клубови да играат во модерен спортски објект и да постигнуваат врвни резултати, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈП Комуналец

-Лино сонуваше да го победи Вардар и сонот му се исполни.Сега јас сонувам да славиме против Металург на првиот натпревар во овој прекрасно реновиран објект. Ја повикувам битолската публика да ни даде поддршка, да ја наполни спортската сала „Младост“ и да се обидеме да им парираме на фаворизираните гости. Што се однесува до играчкиот кадар, Колев верувам дека ќе биде спремен за утрешниот дуел, иако мора да потенцирам дека Даниловски одлично го замени и не се почувствува отстуството на репрезентативецот. Борјан Маџовски е исто така во тренажен процес и ќе настапи против Металурт, откако превентивно го сочувавме против Борец во саботата, изјави Касим Каменица тренер на РК Пелистер