Многу верници на манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

0
3186

Верници од повеќе градови во Македонија денеска се собраа во дворот на манастирот Рождество на Пресвета Богородица во општина Новаци за да го прослават раѓањето на Пресвета Богородица .

crkva-s

Со света боженствена литургија прославата почна вчера вечерта а денес беше збогатена со богата културно уметничка програма, а се одржа по 26 пат.

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица, изграден е на 1 км во близина на с.Новаци, десно од брегот на Црна Река. Во 2006 година беше изграден само храмот на манастирот кој е трокорабен и претставува монументална христијанска градба со 8 кубиња покриени со бакарни плочи, измалтарен со бел малтер. Од 2014 година се гради и сала за крштевски и венчавки
crkva-j

Пресвета Богородица, или Мала Богородица е еден од големите празници на светата Православна црква, кој иако се смета за почеток на сите празници, сепак, почнал да се празнува многу подоцна.

Без коментари

LEAVE A REPLY