Многу високо загадување на воздухот во Битола

0
507

Многу високо загадување во Битола вечерва регистрираше мерната станица Битола 1, која се наоѓа во индустрискиот дел на градот. Ова го покажуваат резултатите на интернет страницата на Министерството за животна средина со направен пресек вечерва од 22 часот. За разлика од оваа мерна станица, вечерва исто така во 22 часот, мерната станица Битола 2 во центарот на градот покажува средно ниво на загадување со ПМ10 честичките.