Многу високо загадување во центарот на Битола

0
752

Мерната станица Битола 2 во центарот на градот денеска во 15 часот регистрираше многу високо загадување во ПМ 10 честичките.

Останатите параметри се многу ниски.

Мерната станица Битола 1 во индустрискиот дел на Битола исто така во 15 часот измери средно загадување со ПМ 10 честичките.

Последните надминувања на дозволените концентрации се регистрирани синоќа на полноќ и кај двете станица, но повисоко било загадувањето во центарот на градот.