Многубројни настани предвидени за 2016 во Центарот за култура

0
1073

Центарот за култура во 2015 година на битолската публика и понуди врвни настани а со богатата различна понуда, продолжуваат и во 2016.

На прес конференцијата, директорот на центарот за култура,Борче Димитровски, ја претстави новата годишна програма и истакна дека истата била голем предизвик со оглед на тоа што 2015 и од аспект на квалитет, квантитет, број на публика, била исклучително успешна.Оваа година се подготвени голем број на позитивни изненадувања не само за битолската публика туку и за интернационалната која секоја година ја има во се поголем број, посебно на големите фестивали, кои се одржуваат во Битола.

Во 2016, акцент ќе биде ставен на музичко сценската дејност.

Тука се и фестивалите, започнувајки со 18 -тото издание на фестивалот на монодрама, кој ќе се одржи во почетокот на месец мај.

Издавачката дејност продолжува и оваа година.

Поддршката на независната културна сцена и соработката со граѓанските здруженија, е застапена во програмата на Центарот за култура за 2016 година.

2015 се карактеризираше со зголемен број на посетители во 3д киното, но и полни сали и барање на карта повеќе, за концертите во Центарот за култура.

3Д киното во Битола, од почетокот на своето постоење до денес, на битолчани им ги понуди најновите светски филмски наслови, филмски проекции кои беа максимално посетени а со самото тоа полека но сиугрно се врати кино културата во Битола.И оваа година во чекор со светските кино сали, 3д киното нуди филмски прокеции кои привлекуваат најголемо внимание низ светот.

Во октомври минатата година се одбележа двегодишното постоење на 3д киното, а во декември беше прогласен и награден 100.000-тиот посетител.

Минатата година Центарот за култура го одбележа своето 35 годишно постоење.