Мнозинскиот систем ќе го врати насилството на улиците

0
730

Ние сме за пропорционален изборен модел со една изборна единица. Со овој модел се обезбедува составот на Парламентот да биде реален одраз на волјата на граѓаните, како и услови за демонтажа на еднопартискиот систем и зголемување на одговорноста на Владата, соопшти Демократскиот сојуз.

„Идејата за воведување на мнозински изборен модел со „бонус“ од 17 пратеници е враќање на насилството на улиците и создавање на услови за воспоставување на целосен авторитарен режим. Демократскиот сојуз ги повикува политичките партии, граѓанските асоцијации, експертите, како и сите што се за демократија и владеење на правото, да ја поддржат идејата Македонија да биде една изборна единица“, вели претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.