Мнозинството Американци со негативно мислење за Трамп

0
373

За Американците од речиси секоја раса, пол, политичко убедување и место на живеење, презирот кон Доналд Трамп е длабок, оптоварувајќи го Републиканскиот фаворит  со невидена непопуларност во време кога тој се обидува да ги надмине неодамнешните неуспеси во кампањата, пишува агенцијата АП повикувајќи се на резултатите од најновата анкета на Асошиетед прес-ГФК ( Associated Press-GfK).

Седум од 10 луѓе, меѓу кои речиси половина од републиканските гласачи, имаат неповолно мислење за  Трамп, покажа анкетата на Асошиетед прес-ГФК . Тоа е мислење што го делат мнозинството на мажи и жени, млади и стари, конзервативци, умерени и либералит, белци, хиспанци и афро-американци – поразувачки широко обвинение за  бизнисменот имилијардер, пишува АП.

Дури и на југ, регион каде Трамп решително ги доби прелиминарните избори на Републиканската партија, речиси 70 проценти од испитаниците  искажале неповолно мислење за него. И кај белците без високо образование, кои важат за едни од најлојалните гласачи на Трамп, 55 отсто имаат негативно мислење.

Без коментари

LEAVE A REPLY