Мнозинството членови на ДИК му пишаа на Вељаноски-нема уставна можност за избори

0
844

Писмо до Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со кое го известуваат дека на гласачкото ливче ќе има само една партија и дека тоа е надвор од Уставот и изборниот законик, и дека ДИК нема основа да организира избори, дел од членовите на ДИК испратија до Собранието.

Писмото е потпишано од  Игор Милев, Виолета Дума од СДСМ,Субхи Јакупи од ДУИ и претседателот и потпретседателот  на ДИК,Алекснадар Чичаковски и Реџеп Прекопуца, кој со факсимил го потпишал од странство.

„Во ситуација на постоење на една кандидатска листа се загрозува и начелото на избалансирано медиумско претставување, загарантирано со член 75 и член 75А од изборниот законик. Со спроведување на избори во кои учествува само една кандидатска листа, би значело оттуѓување и пренесување на суверенитетот на граѓаните само на една политичка партија што е спротивно на член 1 и 2 од уставот на Република Македонија. Вака спроведените избори би биле нелегитимни и не кредибилни, а нивното одржување би претставувало целосна суспензија на уставно правниот поредок на Република Македонијa” – се вели во писмото на дел од членовите на ДИК.