Мнозинството Европејци ги поддржуваат мерките на унгарската Влада

0
202

Мнозинството Европејци ги поддржуваат меркита не унгарската Влада поврзани со мигрантската криза, изјави денеска изјави денеска премиерот на Унгарија Виктор Орбан, пред почетокот на конгресот на Европската народна партија (ЕПП).

Тој посочи дека шенген зоната мора да биде заштитена, додавајќи оти не е сигурно дека Унгарија ќе ја отвори „зелената“ граница со Хрватска.

Орбан наведе дека мигрантската криза би можеча потенцијално да ја уништи Европа.

– Кризата би можела да ја распарчи Европа и Унгарија сака да ја заштити, посочи Орбан додавајќи дека Унгарија мора да ги почитува меѓународните договори, бидејжи Европа се темели на владеење на правото, а непочитувањето на правилата би можеле да доведе до хаос.

Без коментари

LEAVE A REPLY