Мнозинството „За“, опозицијата „воздржана“ за продажбата на РК Пелистер

0
3353

Пред битолските советници денеска одлуката за продажба на доминантен пакет акции сопственост на општина Битола во Ракометниот клуб Пелистер. Пред седницата локалната опозиција кажа дека ќе гласа воздржано, а владеачкото мнозинство дека ќе ја поддржи.

„Денеска СДСМ заедно со коалицијата за точката за започнување на постапката за продажба за мнозинскиот пакет на акции за ракоментиот клуб, ќе гласаат воздржано. Гласаме воздржано затоа што не му веруваме на двоецот кој ја води Општина Битола, Талевски и Бончановски, бидејќи самите тие беа вклучени во многу коруптивни договори во изминатиот период. После добивањето на договорите за акции за ракометниот клуб, комисијата за спорт во Општина Битола ќе ги разгледа  и ќе заземеме официјален  став. Со ова сакаме да го заштитиме ракометниот клуб и не сакаме да дозволиме ракометниот клуб да западне во рацете на некој кој ќе го уништат белегот на Битола. Во одлуката за започнување на постапката за продажба на ракометниот клуб во првиот наврат општината продава 51 % од акциите а, во понатамошниот дел односно после три години купувачот е обврзан да купи уште 25% од акциите. Ние сакаме да ги видиме пристигнатите предлог договори на купувачите и да донесеме заедно некоја разумна одлука со која ќе им помогнеме на ракометниот клуб да се издигне на нивото кое го залужува“ изјави Методија Илиевски советник од СДСМ.

„ Нашата советничка група предлогот ќе го прифати за продажба на акциите во ракометниот клуб Пелистер. Придобивките од приватниот сектор во спортот видливи се и во Македонија,така да не е ништо ново ако се отуѓи главниот дел на акциите од ракометниот клуб Пелистер на доминантен сопственик, односно приватен инвеститор, тоа не значи дека Општина Битола ќе се откажи од секакви помагања на спортот во Општината, обврска е на секоја власт да помага во спортот, а особено непрофесионалниот спорт, професионалниот спорт колку ќе биде подалеку од директните инвестиции од државата и Општината се повеќе ќе се развива.
Овие чекори се преземаа и претходните години меѓутоа дали имаше заинтересирани за ракометниот клуб или немаше заинтересирани требаше да се види и од некои други структури во градот, меѓутоа  добро е што се почна и со фудбалот, ракометот и кошарката за наоѓање на соодветни инвеститори кои ќе помогнат за развој на професионалниот спорт во Битола“ изјави Леонида Чолаковски Советник од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.