Модерен воз до Битола и Кичево, наскоро пруга и до Охрид?

0
1363

Граѓаните кои што патуваат до Гевгелија со железнички транспорт веќе се возат во еден од шесте модерни возови на ЈП Македонски Железници, а наскоро со вакви возови ќе се патува и до Битола и Кичево.

Кон средината на февруари беше донесен и вториот воз, а вчера пристигна и третиот од шесте воза што владата на Република Македонија ги набави за потребите на ЈП Македонски Железници. Четвртиот воз треба да биде донесен за околу еден месец, а до јуни се очекува во Македонија да бидат пристигнати сите шест патнички возови. Четири од возовите се дизел, а два со електромотор.

Првиот патнички воз веќе сообраќа на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, вториот набрзо ќе биде пуштен во сообраќај кон Битола, а третиот кој пристигна денеска ќе сообраќа кон Кичево.