Модерни кујнски додатоци на Џозеф и Џозеф во Битола

0
693

Карес е местото, каде урбаниот човек, во потрага по софистицирана естетика и функционалност ќе најде сè за домот. Нивната цел е да ги задоволат комплетно потребите на домот.

Во однос на home accessories се трудат да ги направат достапни и за македонскиот купувач дизајнираните и функционални кујнски алатки од повеќе водечки европски брендови.

Тука ќе го споменеме брендот Joseph Joseph основан од близнаците Ричард и Ентони Џосеф пред повеќе од една деценија, во 2003 година, комбинирајќи го своето искуство во дизајн и бизнис – Ентони студирајќи дизајн на Central St Martins, а Ричард бизнис на Cambridge University.

Специјализирајќи за модерен кујнски прибор, Joseph Joseph сега е интернационално препозната во производство на едни од најстилските и технички најиновативните производи достапни на пазарот и стана една од најбрзорастечките компании ширум светот на пазарот за домаќинство.

Нивната уникатност во комбинирањето на формата и функцијата е причина за препознатливост на нивните дизајнирани производи кои биле досега и многу пати наградувани.

Сите производи се класифицирани во три подкатегории, и тоа:

  1. Алатки/ садови за подготовка на храна кои со модерниот дизајн и функционалноста се незаменливи во секое домаќинство,
  2. Садови за складирање за совршен ред во вашата кујна, за свежи намирници и убаво спакувани оброци,
  3. Алатки за чистење за да го спречите ширењето на бактериите во вашиот дом како и навистина `интелигентните` корпи за отпадоци зачувувајќи простор, а истовремено рециклирајќи го отпадот, а со тоа зачувувајќи ја планетата Земја.

 

Уникатниот дизајн на пумпата за сапун/ средство за миење се одразува на лесното користење со задната страна на раката, што помага горната страна на пумпата да остане чиста и похигиенска.

Стилскиот дизајн пресата за лук ја прави оваа кујнска операција многу полесна. Само со притискање на пресата надолу врз главата лук, парчињата излегуваат низ ситото.

 

GoEat™ е серија на иновативни производи што се дизајнирани се со цел јадењето на домашно приготвените оброци да е лесно и удобно. Со GoEat™ немате веќе потреба да носите со вас повеќе садови за складирање за секоја состојка од вашиот оброк, туку сите состојки од вашиот оброк ги чувате во еден сад, разделени, се додека вие не одлучите да ги искомбинирате. Сетовите се состојат од различни форми на садови кои имаат силиконски непротекувачки капачиња што се совршени за сендвичи, салати, супи и грицки.

 

Сосема нова категорија на JosephJoseph, специјално направена да се погрижи за различните видови на отпад и модерните пристапи на животниот стил истиот да се рециклира. Зафаќаат простор како и обична корпа за отпад, но нудат многу повеќе функции без намалување на капацитетот на истата.

Nest™ е уникатната колекција од практични садови за подготовка на храна, кои не зафаќаат простор во кујната. Сетот се состои од 9 различни садови за потготовка на храна, кои се прибираат еден во друг за да заштедат простор.

 

 

Посебно внимание привлекуваат Даските 3/ 1 – за подготовка, сервирање и одложување на топли работи.

SmartBar сапунот кој има диспензер за течно средство, со кој ќе го измиете мирисот од вашите раце после подговката на храната. За да се спречи било каков неред во кујната, со него има силиконска подлошка за одложување.

За подарок или за себе, дизајнот на производите ќе ве остави без зборови, а нивната функционалност ќе ви заштеди многу време.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY