Могерини го покани Заев на премиерската вечера во Брисел

0
367

Претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе бидел дел од утрешната неформална вечера на премиерите на шесте балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

Како што јавува МИА, од кабинетот на Могерини во рамки на европската служба за надворешни работи, поканата до Заев е испратена во својство на „определен за премиер“, што значи дека лидерот на македонските социјал-демократи, иако се уште не е избран за нов претседател на македонската Влада, утре во Врисел ќе биде претставен така.