Могерини ја предупреди Анкара да не презема мерки кои ќе го нарушат уставниот поредок

0
360

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини  вели дека Турција мора да го брани владеењето на правото по пропаднатиот обид за државен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган од минатата недела.

Таа ставот го соопшти пред средбата на министрите за надворешни работи на Унијата во Брисел.

„Ние сме оние кои велат дека владеењето на правото мора да биде заштитено во таа држава, нема никакви оправдувања за чекори кои ја оддалечуваат земјата од тоа.  Први кажавме во трагичната ноќ, петок спроти сабота, кога беше извршен обидот за државен удар,  дека демократските и правните институции треба да бидат заштитени“ – рече Могерини.

Според нејзините зборови, тоа не значи дека владеењето на правото и системот на проверки треба да се запостави. Напротив, тие треба да бидат заштитени за доброто на земјата и ние ќе упатиме силна порака за тоа, посочи Могерини.