Могерини во прва посета на Русија

0
246

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини е во прва посета на Русија, земјата којашто ја избегнуваше поради тензиите околу украинската криза и санкциите што ги воведе Брисел за Москва.

Средба ќе има со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, на која ќе се разговара првенствено за Сирија. На агендата се и Либија, Блискиот Исток, Иран, Авганистан и конфликтот во Источна Украина.

Иако досега не била во официјална посета на Москва, Могерини имаше состаноци со Лавров на маргините на меѓународните самити.