Могила чека на дополнително обештетување

0
1182

mogila2

Февруарските поплави го направија своето. Незапамтените ниски приноси на пченица во Могила се само дел од пустошот што водите го оставија зад себе. Државата застана зад своите граѓани со што како најоштетено подрачје од вкупно 451 барање за обештетување, 100% ги исплати 350 земјоделци.

mogila stevo

Недефинирани останале околу 100 кои немале потполна документација но Владата направи напори и нив да ги обештети, вели Стево Пивковски градоначалник на Могила.

Пивковски потсети дека Могила не беше поплавена само еднаш, тоа се случи во неколку наврати и штетите се повторија.

opstina-mogila

Комисијата излезе на терен и направи проценка на дополнителните штети, додаде Пивковски.

За исплата на штети по објекти, куќи и помошни простории низ могилските дворови, останаел уште 120 лица, на кои Пивковски им порача да не стравуваат, дека откако ќе заврши исплатата на земјоделските штети, Државата, сигурно до крајот на годината ќе ги исплати и нив. Истакна дека сеуште не се зане дали истата работна група од Министерството за земјоделство ќе ја врши проценката или ќе се формира нова, останува да покаже времето.