Могила ќе добие плоштад

0
468

Со 3,5 милиони денари од министерството за животна средина и 2,5 милиони денари средства од буџетот могилчани ќе добијат плоштад.Распишан е јавен повик за изведувач и за скоро ќе почне постапката на градба, најави градоначалникот на општината

-Започнуваме со уредување на централните подрачја во општина Могила а и во останатите поголеми места од општината. Ќе правиме плоштад, и ќе го дооформиме центарлниот парк во центарот на оваа општина. Овај парк ќе дојде едно место за рекреација. Плоштадот ќе го правиме со средства од министерството за екологија за искористување на фосилните горива од загадувањето на Рек Битола . Дел за плоштадот ќе се одделат и од буџетот на општината, изјави Стево Пивковски, градоначалник на Могила

На местото каде што жителите од оваа општина го фрлаа отпадот, сега е направен парк за рекреација. Паркот скоро е завршен, недостига само осветлувањето

-На тоа место каде што сега е паркот беше депонија. Паркот е место за рекреација и одмор и токму такво нешто и беше потребно на општината. Во иднина планираме да направиме уште еден парк, изјави Стево Пивковски, градоначалник на Могила

Градоначалникот Пивковски со најава дека плоштадот ќе биде завршен до 3 ти јуни за празникот Св Костадин и Елена, кој е празник за сите могилчани.

Без коментари

LEAVE A REPLY