Молња повреди 42 луѓе за време на рок фестивал во Германија

0
935

Инцидентот и лошото време доведоа до откажување на дел од вчерашните концерти.Најмалку 42 луѓе се повредени во молња вечера околу 20 часот, на рок фестивалот „Рок ам ринг” во германскиот град Мендиг. Од нив 8 се сериозно повредени. Метеоролошките служби во Германија предвидуваат дека силните врнежи и невреме ќе се задржат во текот на викендот. Силно невреме имаше и лани. Најмалку 33 лица настрадаа минатата година, кога удрија две молњи. Фестивалот се одржува на поранешниот аеродром во близина на Мендиг, на околу 100 километри западно од Франкфурт. Во последните денови голем дел од Западна Европа, вклучувајќи ги Германија и Франција, се зафатени со поројни дождови и поплави.