„Молњата„ Болт ги урна прогнозите и трет пат е светски првак на стотка

0
249

Звездата на светската атлетика Јусеин Болт по трет пат стана светски првак на 100 метри, триумфирајќи во финалето во Пекинг со време 9.79. Тој го совлада големиот фаворит од САД, Џастин Гетлин. Американецот истрча 9.80, а бронзениот медал го делат Американците Трејвон Бромел и Мајк Роџерс со време 9.92. Со ова злато спринтерот од Јамајка им се придружи на легендарните Морис Грин и Карл Луис со трето злато од 100 метри од мундијалите.