Молотови коктели фрлени на ресторан во Париз, има повредени

0
495

Двајца луѓе имаат сериозни изгореници, а 10 се полесно повредени при напад на ресторан со молотови коктели во предградие на Париз.

На местото на настанот брзо стигнаа екипи на пожарната служба, 50 пожарникари и брза помош.

Лицата кои имаат сериозни изгореници се во болница, а другите со полесни повреди меѓу кои има и 6 полицајци, помагале при евакуирање на другите луѓе.

Пожарот во ресторанот кој се наоѓал во зграда на пет ката е изгаснат, но внатре е уништен.

Мотивот за нападот е непознат.

Франција е во вонредна состојба поради нападите кои се случуваа изминатите две години.

faktor.mk