Момче уби тројца полицајци

0
471

Момче уби тројца полицајци и повреди уште тројца други полициски службеници на автобуска постројка во турскиот град Шанлиурфа, по што било застрелано од полицијата.

Како што јави ТАСС, до инцидентот дошло откако 17-годишното момче било запрено од полицијата поради проверка на документи.

Гувернерот на Шанлиурфа, Ѓунгор Азим Туна, изјави дека не станува збор за терористички напад.

Напаѓачот имал психолошки проблеми. Тој патувал со своето семејство и го зел пиштолот на татко си, додаде Туна.