Момчето го заклучил в кола, а надвор се нафрлил врз девојката

0
3416

На 24.06.2016 година околу 21,00 часот во Битола, две лица (машко и женско) на возраст од 24 и 25 години од Битола влегле во такси возило ПМВ „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки управувано од П.М.(54), кое било паркирано во нас. „Баир“ со намера да одат кон центарот на градот. При тоа П.М. започнал расправија со машкото лице за наводен долг, по што ги земал 100-те евра кои истиот ги држел во рака, а потоа ги заклучил вратите од возилото и со голема брзина се упатил кон излезот од градот. П.М. застанал во темна улица, ја извлекол девојката насилно од возилото, додека момчето го заклучил во истото, а потоа извршил полови дејствија врз девојката. Потоа го отклучил возилото и го извлекол и момчето надвор, го удрил и заминал од местото на настанот. СВР-Битола превзема мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.