Моментот кога навивач влезе на теренот за време на Суперкупот

0
1408

Вчерашниот натпревар од Супер купот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед заврши во најдобар ред, но потоа се случи мал инцидент кој е речиси и честа појава на вакви светски фудбалски спектакли. Еден „луд“ фан на Кристијано Роналдо изведе егзибиција и влета на теренот секако без намера да предизвика некаков инцидент туку да го привлече вниманието.

Обезбедувањето веднаш изреагира и го совлада навивачот кој на телото имаше напишано пораки наменети за Кристијано Роналдо, главната ѕвезда на шампионот Реал Мадрид. Ваквите егзибиции се строго казниви од страна на УЕФА и може да отслужи кратка казна затвор или пак да плати висока парична глоба.

фото: faktor.mk

фото: exclusive.mk

Без коментари