Момците на Србиновски ги „испотија„ Литванските звезди

0
534

Кошаркарската репрезентација на Македонија по четирите победи го запиша првиот пораз во подготвителниот период. Македонските кошаркари на турнирот во Литванија загубија од домаќинот со 62:68 (17:11, 15:16, 18:15, 26:12). Избраниците на селекторот Србиновски против Литванците го контролираа натпреварот и имаа предност 35 минути, но потклекнаа во финишот кога промашија неколку отворени шутеви и направија три технички грешки. Решавачки за победата беа подобриот шут за два поени на Литванците и двете загубени топки повеќе на македонската репрезентација. Војдан Стојановски со 14 поени ја предводеше Македонија, додека двоцифрени беа уште и Самарџиски со 13, Костоски со 11 и Симоновски со 10 поени.