МОН: Укинато екстерното тестирање

0
450

Министерството за образование на својата веб страница објави дека на 01.06.2017 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за изменување на Законот за основното образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екетсрното тестирање. Истите се објавени во “Службен весник на Република Македонија” бр. 67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.

Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и истото нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат.