Моника Белучи во септември на Манаки во Битола?

0
6709

Моника Белучи- главна ѕвезда на овогоденшниот фестивал браќа Манаки, а Емир Кустурица да гостува во Битола со својот бенд и со новиот филм. Ова го договорил предвреме разрешениот директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера, Димитар Николов-Таки, и го открива во својата писмена честитка до Благоја Куновски-Доре, новиот директор на Манаки. Во честитката бидејќи е на пат во Кан, Николов бара Куновски да ја реализира програмата која заеднички ја подготвуваат  од ноември, а наградата Златна Камера да му биде доделена на холандскиот кинематографер Роби Милер.

„ Се надевам дека ќе направите се и ќе успеете да се договорите со спонзорите кои веќе ги имав договорено за годинешново издание, особено со една од најголемите и најуспешните македонски фирми и со сите амбасади и меѓународни институции што веќе не поддржаа.

Иако последн,  но не и небитно, ќе треба да направите се што е во Ваша моќ да се оствари доаѓањето на главната ѕвезда за годинешното издание – Моника Белучи, како и концертот на г-нот Емир Кустурица, кој требаше да гостува со својот бенд и најнов филм“ стои меѓу другото во честитката на Николов до Куновски.